Ако светот не ги сузбие емисиите на гасови со ефект на стаклена градина, до 3,5 милијарди луѓе би можеле веќе за 50 години да живее во услови на исклучителни жештини, објавија холандски научници. До тогаш отприлика една третина од светската популација, доколку не емигрира, ќе живее во подрачја со просечна годишнна температура повисока од 29 степени Целзиусови, велат од холанскиот Универзитет Вагениген. „Животот во такви услови би излегол од рамките на климатската форма во која луѓето живеат во последните 6000 години“, вели Мартин Шефер, главниот автор на студијата објавена во списанието Proceedings of the US National Academy of Sciences“ (PNAS).
Во моментот дваесетина милиони луѓе живеат на места на кои просечната годишна температура надминув 29 степени. Тие подрачја опфаќаат помалку од 1% од површината на Земјата, и главно станува збор за делови покрај Сахара. Со секој степен повеќе во просечната глобална температура, околу милијарда луѓе ќе се затекнат во подрачја претопли за живот и без технологии за разладување. Притоа, главно се работи за сиромашни луѓе кои тоа не можат да си го дозволат. Климатските промени нема да се случуваат брзо, но за нив нема да има ниту решенија ниту олеснувања во блиска иднина. Шефер и неговите колеги го базираат истражувањето на анализа на поранешни податоци и постоечки трендови на затоплување, кои ги споредувале со климатските услови во одделни региони. Така дознале кои биле најпријатните климатски услови за човекот низ историјата. Според нив, тие се однесуваат на просечна годишна температура од 11 до 15 степени.