Германија, Данска, Холандија, и уште осум земји од ЕУ, ќе го одбијат планот за поддршка на Европската унија на прекуграничните проекти за транспорт на природен гас. Наместо тоа, тие ќе се залагаат за правила за исклучување на фсилните горива од ваква поддршка. Правилата на ЕУ дефинираат кои прекугранични енергетски проекти можат да бидат означени како проекти од заеднички интерес (PCI), давајќи им пристап до одредени ЕУ фондови и забрзано издавање на дозволи. ЕУ сега ги преработува овие правила во согласност со своите климатски цели, а во декември 2020 Европската Комисија предложила нова верзија со која се исклучуваат нафтената и гасната инфраструктура. Тој став го поддржуваат најмалку 11 земји.