Насловна / Вести / ДУП за „Треска“: Сопственик на земјиштето, самиот црта што да се гради

ДУП за „Треска“: Сопственик на земјиштето, самиот црта што да се гради

Криминал влезен во секоја пора на државата, додека институциите се правдаат дека се е по Устав и закон.

Планерската компанија „Ин-пума“, која е најмена од Општината Центар за да го нацрта деталниот урбанистички план кој до скоро ја опфаќаше и фабриката „Треска“, во својата сопственичка структура има градежни фирми и физички лица кои се сопственици на парцели на истата локација.

Апсурдот во случајот со „Треска“ е што меѓу сопствениците на планерската компанија „Ин-пума“ е градежната компанија „Ремис“ од Охрид. Меѓу сопствениците на „Ремис“, пак, е фирмата „Градежник“. А еден од сопствениците на фирмата „Градежник“ е лицето Предраг Виќентијевиќ, на чие име и презиме се водат десетици парцели на локацијата „Треска“, земјиште кое ова семејство го добило со денационализација, пишува 360 степени.

tr_resize

Доколку се погледне временската низа на случувањата околу „Ин-пума“, „Ремис“, „Градежник“ и Виќентијевиќ, станува јасно дека формалниот влез на градежниците и сопствениците на парцели кај „Треска“ во ДУП „Буњаковец“ се случил летово, но на тоа му претходеле низа други бизнис-зделки.

Последниот чекор е направен пред неполн месец, кога во сопственичката структура на фирмата „Ремис“ (инаку косопственик на „Ин-пума“) влегува фирмата „Градежник“ (каде што косопственик е Предраг Виќентијевиќ). Со тоа и газдата на парцели кај „Треска“ и градежни фирми, кои потенцијално би граделе на локацијата, го завршуваат влезот во компанијата која до февруари добиваше пари од Општината за да го планира и тој простор.

До Уставниот суд повторно е поднесена иницијатива од Александар Илиоски и Игор Влакевски, случајно или не од Охрид, од каде е и компанијата „Ремис“, дека суспендирањето на плановите во Општина Центар е незаконско.

Градежната комора реагира дека тоа што го прави Општина Центар е против Уставот. Првиот човек на Градежната комора, Ивица Јаќимовски од компанијата „Голеден Арт“ кој и самиот има парцели кај „Треска“ и интерес за градба, вели дека градежниците не се тие што ги попречуваат деталните урбанистички планови.

Повеќе за ова прочитајте на сторијата објавена од 360 степени.

Извор: 360степени.мк

Испрати коментар

Scroll To Top