Насловна / Вести / Дунав како голем потенцијал за „зелена“ енергија

Дунав како голем потенцијал за „зелена“ енергија

На 18-ти јануари 2017 во Загреб е одржана работилница за потенцијалот на Дунавскиот регион за искористување на „зелената“ енергија, со оглед на големата количина биомаса достапна долж целиот речен ток. Со цел да се подобри енергетската сигурност и ефикасност во овој регион, кој е дом на 100 милиони жители, презентиран е проектот  Energy Barge во рамките на програмата  Interreg Danube со буџет од 2,3 милиони евра.

Danube 3

 

Проектот е покренат во согласност со целта на Европската Стратегија за Дунавскиот регион за зголемување на транспортот на стоки преку Дунав за 20% до 2020 година. Исто така, цел на овој проект е поврзување на клучните чинители долж целокупниот синџир, како на пример компании за биомаса и пристамишта на Дунав, односно јавни установи и локални самоуправи. На работилницата е нагласена неопходноста од трансфер на знаење од оваа област и подобрување на соработката. Развојот на логистиката на Дунав  ќе овозможи намалување на штетните емисии и воспоставување на нискојаглероден транспортен систем.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top