Насловна / Вести / Дубровник воведува такса за автомобили од 5,3 евра по час

Дубровник воведува такса за автомобили од 5,3 евра по час

Дубровник улицаДоколку во следната летна сезона одлучите со автомобил да се задржите подолго од еден час на поширокото подрачје на Дубровник ќе треба да платите такса од 40 куни (околу 5,3 евра) по час.

Градоначалникот на Дубровник, Андро Влахушиќ најави дека на западниот приод кон градот, во близина на јавната гаража на Илијина Главица, ќе бидат поставени „рампи или неко други пречки“, кои ќе го контролираат приливот на возила кон градскиот центар.

При излегувањето од центарот на Дубровник, кон Жупа или Бониново, возилата ќе бидат дочекани со други „пречки“, а нивните сопственици ќе мора да платат 40 куни по час доколку во поширокото градско подрачје се задржале повеќе од еден час.

Оваа такса нема да важи за жителите на Дубровник, ниту за возилата на јавните служби.

Испрати коментар

Scroll To Top