Насловна / Екологија / Дубровник воведе греење и ладење на морска вода во четири јавни институции

Дубровник воведе греење и ладење на морска вода во четири јавни институции

Реализацијата на овој проект е финансирана преку проектот Seadrion, во кој учествувала Дубровничката развојна агенција (DURA). Проектот е поддржан од Европската Унија. Вградени се шест топлински пумпи, при што во улога на топлински извор се користи морската вода. На тој начин се обезбедува греење и ладење на четири јавни институции, поточно на Градската управа, Кнежевскиот двор, Киното „Слобода“ и Театарот „Марин Држиќ“. Зафатот чинел околу 428.000 евра, од кои 70.000 евра се обезбедени од фондовите на ЕУ.  Проектот е изведен во подрачје под заштита на УНЕСКО. Главен партнер е Универзитетот во Загреб преку Факултетот за машинство и бродоградба.

dubrovnik1

dubrovnik2

dubrovnik3

dubrovnik4

dubrovnik5

 

Испрати коментар

Scroll To Top