Насловна / Вести / Дубровник: Топлинска пумпа која како извор ќе користи морска вода

Дубровник: Топлинска пумпа која како извор ќе користи морска вода

Со средства во висина од 1,45 милиони евра, ќе се имплементира проект за вградување на систем на топлинска пумпа со морска вода како извор ан топлина, а која главно ќе се користи за загревање на градскиот базен во Дубровник. Овој иновативен проект е финансиран од средства од ЕУ и од Кралството Норвешка. Со инсталирањето на топлинската пумпа морска вода/вода, значително ќе се намали емисијата на CO2 во износ од 656 тони годишно, што претставува намалување од 89%, односно подобрување на квалитетот на воздухот на локално ниво. Проектот е финансиран во склоп на програмата „Енергијата и климатските промени“ во склоп на Финансискиот механизам на Европскиот економски простор за периодот 2014-2021 година. Од вкупната вредност ан проектот во износ од 1,45 милиони евра, 85% се средства од донатори, а 15% финансираат Грд Дубровник и Развојната агенција на Дубровник (DURA).

dubrovnik1

Испрати коментар

Scroll To Top