„Дубровник е под неверојатна „опсада“ од туристите и поради тоа му се заканува катастрофа“, се вели во прилогот на германскиот утрински магазин ARD. Авторите го опишуваат Дубровник како „хрватска Венеција“, поради големиот интерес на туристите, кои оваа година ги има повеќе од било кога. Градските власти се обидуваат да најдат решение. Донеодамна Дубровник дневно го посетувале четири до пет крузери дневно, но сега се дозволени само по два. Градот се наоѓа на листата на светско културно наследство на УНЕСКО.
Посетителите не обрнуваат внимание на огромните гужви кои настануваат поради нив, затоа што се обидуваат да се пробијат што поблиску до стариот град. Не се проблем само крузерите, туку и бројните автомобили и автобуси, од кои најголем дел доаѓаат само на еден ден.
Во видео прилогот се истакнува и дека Дубровник станува популарен и поради фактот што тука се снимаше популарната Game of Thrones, па се чини дека бројните тури низ градот се посветени исклучиво на тоа, а не на богатата градска историја. Еден од локалните туристички водичи вели дека туристите с епозаинтересирани за местата каде се снимала серијата, отколку да научат нешто за Дубровник.