Насловна / Архитектура / Дубаи соборува рекорди во луксузното домување: Six Senses, највисоката резиденцијална кула во светот

Дубаи соборува рекорди во луксузното домување: Six Senses, највисоката резиденцијална кула во светот

Дубаи, познат по највисоката зграда на светот – Бурџ Калифа, наскоро ќе биде дом и на највисоката резиденцијална кула на светот. Овој импозантен облакодер кој во моментот е во изградба ќе има 122 ката и 251 ултра луксузни станови. Со височина од 517 метри, ќе го надмине моментално највисокиот резиденцијален облакодер – Central Park Tower во Њујорк, кои има 474 метри.

Проектот наречен Six Senses Residences Dubai Marina е дело на реномираните компании Woods Bagot и WSP Middle East. Дизајнот се карактеризира со елегантна, заоблена, стаклена кула која се стеснува кон врвот. За енетериерот се избрани висококвалитетни материјали и уреди, со изобилство на стаклени површини кои нудат спектакуларни погледи на Dubai Marinа. Иако цената на становите сеуште не е објавена, се очекува таа да биде изразена во милиони долари. Објектот ќе нуди и фитнес центри, студија за виртуелен велосипедизам и бокс, солена соба, разни видови сауни, кина на отворено и затворено, како и клиника за третмани за убавина.

Идејата за овој проект датира од 2007 година, под името Pentominium Tower, но изградбата е прекината поради глобалната финансиска криза во 2008 година. Select Group неодамна ја купил недовршената зграда за 100 милиони долари, а во моментот се завршени околу 25% од работите. Се очекува кулата да биде целосно завршена на крајот на 2028 година. И покрај големите поплави кои неодамна го зафатија Дубаи, се чини дека ентузијазмот за масовна градба во овој регион не стивнува. Во моментот се во тек и други значајни проекти како оние на Mercedes Benz и Bugatti.

Испрати коментар

Scroll To Top