Dubai Miracle Garden е цветна градина во Дубаи, отворена на Денот на вљубените 2013 година, содржи преку 50 милиони цветови и 250 милиони растенија.
Секоја година од средината на ноември до средината на мај оживува простор од 72.000 квадратни метри, полн со мириси и бои. Гледајќи ја градината во полн цвет, со своите милиони цвеќиња распоредени во лакови, скулптури, со безброј шари и форми, ја прават оваа градина прекрасна. Dubai Miracle Garden доби признание за два Гинисови рекорди. За највисоката градина во 2013 година и 2016 година, за најголемата цветна скулптура обликувана во форма на авион.
Секоја година, оваа атракција ја посетуваат повеќе од 1,5 милиони луѓе.
Во градината можете да се види Мики Маус, прва цветна скулптура на Дизни на Блискиот исток. Скулптурата е висока 18 метри, изработена е од околу 100.000 растенија и тежи речиси 35 тони.
Ако ја посетите оваа прекрасна градина, ќе имате можност да ги видите нивните други најпознати атракции, мечка висока 12 метри, цветен часовник, премин во форма на пеперутка. Исто така, скулптура од авион и замок од цвеќе, што ќе направи да се чувствувате како да сте дел од бајка.
Еден од најубавите делови е „Изгубениот рај“, село направено од цвеќиња со цветни каскади длабоки 6 метри, каде што можете да најдете десетици куќи и бунгалови направени од цвеќиња, кои прават неверојатен амбиент. Не треба да го пропуштите преминот во форма на срце, кој е најпопуларната атракција на оваа градина.