Насловна / Архитектура / Дубаи: Луксузна хипер кула, претендира да стане највисока резиденцијална зграда на светот

Дубаи: Луксузна хипер кула, претендира да стане највисока резиденцијална зграда на светот

Моќните брендови Binghatti и Jacob & Co, го претставија својот улта- луксузен облакодер во Дубаи. Проектот Burj Binghatti Jacob & Co Residences претендира да стане највисока резиденцијална зграда на светот. Овој облакодер отвора нова ера во луксузното домување и се наоѓа во срцето на најеминентниот финансиски кварт на Дубаи. Проектот дефинираше и нов термин во недвижностите – хипер кула.

burjdubai1

burjdubai3

Зградата ќе има над 100 ката, со раскошни двособни и трисобни станови. Се одликува со уникатен дизајн во препознатливиот стил на брендот за часовници и накит Jacob & Co и водечкиот проектант во Дубаи Binghatti. Облакодерот има повеќе катови посветени на разни погосности з астанарита, како што се базен со поглед на Дубаи, луксузен спа центар и теретана. Предвидено е зградата да нуди услуги на телохранители, возачи или приватни готвачи. На врвот на облакодерот ќе се наоѓаат петте најлуксузни пентхауси во Дубаи. Материјалите, деталите и завршните работи се осмислени и проектирани во соработка со дизајнерите на Jacob & Co, а на заинтересираните им се нудат и ексклузивни часовници и накит, од кои повеќето с еуникатни или дел од ограничени колекции.

burjdubai4

Muhammad Binghatti, извршен директор и шеф за архитектура на компанијата Binghatti, истакнува дека овој проект претставува партнерство на двајца истомисленици и дека двата бренда се во постојана потрага по апсолутна елеганција. Брендовите се создадени од чиста желба да се постигне рушење ан границите.

 

Испрати коментар

Scroll To Top