Властите на Дубаи соопштија дека ќе градат соларна електрична централа со моќност од 1000MW. Проектот треба да се комплетира до 2030 година, соопштувајќи дека дотогаш околу 25% од енергетските потреби ќе се обезбедуваат од обновливи извори. Во првата фаза од изградбата на соларната централа планирано е инсталирање на 200MW до април 2021 година, се наведува во соопштението на Агенцијата за води и електрична енергија на Дубаи (DEWA), а го пренесува агенцијата Франс прес. “Овој проект ќе биде најголема соларна електрана на светот“ вели директорот на DEWA, Саид ал Тајер.
Властите на Дубаи се во потрага по приватни компании кои ќе управуваат со постројката и ќе ја продаваат електричната енергија на националниот оператор.