Дубаи и UN Habitat распишаа конкурс за Меѓународни награди на Дубаи за најдобри пракси на полето на заштитата на животната средина. Организаторите изјавуваат дека наградите доаѓаат во критичен момент, веднаш по потпишувањето на новата Урбана агенда во октомври 2016, па ова е одлична прилика да се презентираат најефикасните имплементирани активности за подобрување на животот во урбаните заедници ширум светот.
Во конкуренција за наградите што се доделуваат во пет категории, можат да бидат регионални и национални влади, локални власти, невладини организации, медиуми, јавни и приватни фондации, истражувачки и академски институции и физички лица. Наградите што се состојат и од паричен дел во изнод до 30.000 УСД се доделуваат во следните категории: најдобар трансфер на одредена пракса, најдобро истражување, приватен сектор и награда за личен придонес. Подетални информации на unhabitat.org и dubaiaward.dm.gov.ae.