Мала двокатна вила со засенчена тераса во улицата Трубниковски во Москва. И првиот фин ресторан „Артест“ со препознатливи јадења на Аркадиј Новиков во партнерство со готвачот Атрем Естафеев. Проектот е уникатност на визијата на клиентот која не е составена од клише модели на веќе постоечки ресторани.
Претставени се два света, пишува ArchDaily. Во приземјето е прикажан мрачниот свет. Корените, почвата и самата земја во своето богатство. Првиот кат служи како портал во светлиот свет, блескав и транспарентен. Извонредните скали обложени се со листови од месинг ги премостува овие преодни фази. Една од особеностите е руската авангардна кујна каде што јадењата се служат на рачно изработена керамика. Откако добиле програмска задача од таков обем, архитектите од бирото „Ветер“, целосно се нурнале во разработката на световите.
Прво им биле потребни референтни точки. Вкоренетоста на приземјето се развива во светлиот свет. Така дошле до идејата за маса за 10 луѓе со своите корени. А на првиот кат сакале леснотија и танц со просторот. Така, Аркадиј и Артем го претставиле концептот на камин како централен елемент. Приземјето со своите текстурирани ѕидови ја претставува суштината на земјата. Капаците кои потсетуваат на капчиња од печурки оставаат впечаток да мислите дека растат од ѕидовите на ресторанот. Кујнските острови обложени со месинг создаваат аналогија на металите закопани длабоко во утробата на Земјата.
Масата за готвење по нарачка која извира од подот со своите корени е составена од осум фрагменти од паднати трупци од дрвја. Идеалното дрво донесено од Северен Кавказ прецизно е одбрано, полирано и прекриено со плоча од дива круша за да се комплетира масата. Клупата за скулптура во влезното лоби е тотем помеѓу двата света. Темни дрвени нијанси на приземјето и светли тактилни облици на првиот кат. Богатите мат ѕидови се придружени со сјајно огледало – ремек дело на Кристоф Гагнон – што ја засилува мистичноста на просторот.
„Танцот“ со горниот простор оди рака под рака со приземјето. Самите Аркадиј Новиков и Артем Естафеев биле целосно вклучени во работата. Архитектите предложиле да го центрираат просторот околу скулптура, почетната точка на проектот и сметале дека е клучно да се згусне просторот во масивна целина, кој истовремено е совитлив и лесен, обликовно. Овој концепт ги довел до опусот на Хенри Мур и Исаму Ногучи.
Работено е истовремено на акварелни ѕидовите и обликот на мебелот. Она кон што се стремеле архитектите е топлината и кинестетичката природа на собата. Ова го одредило изборот на светол тапацир како симбол на транспарентноста и достапноста на овој свет. Удобноста на клиентите во смирувачката и амбиентална атмосфера на првиот кат на архитектите им е од голема важност. Целиот мебел, со исклучок на столиците, изработен е по нарачка и нивни идеи. Сакале да ги стават последните допири на смирените и суптилни објекти на уметноста, па затоа се одлучиле за црно-бела филмска фотографија од Александар Гиворон, фото-уметник кој ги снима своите фотографии на островот Сахалин.