Насловна / Вести / Државниот суд на Турција одлучи уривање на три висококатници во Истанбул

Државниот суд на Турција одлучи уривање на три висококатници во Истанбул

Blue-Mosque-in-Istanbul
Турскиот државен совет (виш административен суд) ја потврди судската одлука за уривање на висококатниците, кои ја нарушуваат панорамата на историскиот центар на Истанбул.

Државниот совет ја отфрли жалбата на претходната судска одлука за отстранување на висококатниците во истанбулскиот кварт Зејтинбурну.

Адвокатот Џихат Ѓокдемир изјави дека локалните власти мора да ја почитуваат одлуката на Државниот совет.

– Одлуката на Државниот совет е обврзувачка и конечна. Сите судски патишта се исцрпени и нема можност за жалба. Очекуваме општината најбрзо да почне да ја почитува одлуката, посочи Ѓокдемир.

Станбените згради високи 37, 32 и 27 ката, изградени на брегот на Мраморно Море се издигаат над историската џамија Сулејмание што предизвика незадоволство на јавноста. Во април 2013 година кон критиките се приклучи и премиерот Реџеп Таип Ердоган.

Испрати коментар

Scroll To Top