Насловна / Вести / Државниот Инспекторат за животна средина изврши вонреден инспекциски надзор во Дрисла

Државниот Инспекторат за животна средина изврши вонреден инспекциски надзор во Дрисла

Од Државниот Инспекторат за животна средина соопштуваат дека на ден 10.01.2018г. се изврши вонреден инспекциски надзор кај правниот субјект Депонија за комунален отпад Дрисла во с. Батинци, Општина Студеничани, при што ја констатира следната состојба:

ДПКО Дрисла-Скопје поседува измена на А-Дозволата за усогласување со оперативен план бр.11-10096/1 од 31.10.2013г.

При инспекциски надзор е утврдено дека се почитува решението на ДИЖС за неработење на инсинераторот за согорување на медицински отпад во денови кога има надминување на прагот на алармирање. Во периодот од 01.01.2018 год. до денот на вонредниот надзор 10.01.2018 год. истиот не е во функција, а примениот медицински отпад се складира во контејнер

Инспекторатот беше информиран дека согласно задолжението од решението се постапува и во тек е набавка на воден скрубер/филтер за постоечкиот инсинератор и истиот ќе биде инсталиран во периодот кој следи.

Во текот на вонредниот надзор Депонијата Дрисла работеше редовно за прием на комунален отпад од Република Македонија.

17

Од менаџментот е добиена информација дека сите потребни процедури и документи/дозволи за набавка на нов инсинератор се завршени и согласно склучениот договор се очекува опремата да пристигне до средината на април по кој период во рок од 45 дена би се пристапило кон монтажа на истата, а намената на инсинераторот би била освен согорување на медицинскиот отпад и производство на електрична енергија. Се очекува пробната работа да отпочне во текот на месец јуни оваа година. За сите преземени активности редовно ќе биде информиран Државниот Инспекторат за животна средина. Од Комисијата за спогодување при Министерството за животна средина и просторно планирање и правниот субјект Дрисла Инспекторатот беше известен дека согласно санкцијата од Комисијата е постапено, односно казната е платена во рок од 8 дена при што е платено 50% согласно постоечките законски одредби.

Инспекторатот беше известен од страна на менаџментот дека во правниот субјект е извршен надзор од страна на Дирекцијата за радијациона сигурност во однос на јонизирачко зрачење и било констатирано дека нема зголемено ниво на радиоактивност. Се вели во соопштението.

18

 

Испрати коментар

Scroll To Top