Насловна / Вести / Државата Њујорк го тужи „Пепси“ поради загадување со пластика

Државата Њујорк го тужи „Пепси“ поради загадување со пластика

Компанијата „Пепси“ доби тужба од државата Њујорк поради загадување со пластика долж реката Бафало. Според тужбата, „Пепси“ е најголемиот индивидуален чинител за ова загадување. Компанијата „Пепси“ која освен познатиот пијалок е производител и на бројни други производи во пластична амбалажа, е втора по големина компанија за храна после Nestle.

pepsico1

Од државата Њујорк велат дека „Пепси“ ги крши законите кога станува збор за предупредувањето до јавноста за ризиците од пластичната амбалажа и промовира неточни ставови во врска со своите напори да се намали загадувањето. Од вкупно 1916 парчиња на отпадна пластична амбалажа пронајдени на 13 локации долж реката Бафало, над 17% биле од производи на „Пепси“. Во тужбата се вели дека честички од микропластика биле пронајдени во водата за пиење, посочувајќи на последиците врз јавното здравје кои ги има микропластиката.

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top