Насловна / Хортикултура / Дрвјaта како природна контрола на температурата

Дрвјaта како природна контрола на температурата

Сенката која ја создаваат високите дрвја може да придонесе до 20оС пониска температура во летниот период, со што би се намалила потребата на клима уредите за 50%, а аналогно на тоа би се намалила потрошувачката на електрична енергија.

Дрвјата со својата декоративност покрај тоа што го разубавуваат просторот, од нив може да се исползуваат и голем број на благодети. Со своите крошни го засенуваат просторот, со што значително влијаат врз околната микроклима, регулирајки го воздушниот и почвениот режим во нивната непосредна околина.

temper-2

Звучи застрашувачки податокот дека 8-10% од урбаната побарувачка на електрична енергија, во светските метрополи, се користи за дополнително климатизирање на затворените протории. Високите температури во градовите се производ на многубројните патишта, сообраќајот, големата концентрација на објекти на мал простор, фабриките и слично. Дрвјата со своето влијание врз микроклимата значително може да придонесат за ублажување на т.н. „the urban heat island effect“, кој најдобро се согледува преку температурната разлика помеѓу онаа во централното градско подрачје со онаа во периферните рурални краеви.

 

Како да се насадат дрвјата за во целост да се искористи нивната сенка?

            Местоположбата на нашата република диктира дека најдобри страни за садење се запад и југ. Бенефитите од садењето на овие страни се согледуваат преку летните месеци. Во долгите летни денови, кога аголот на сонцето е многу ниско на небото, сонцето може многу лесно да блесне директно во прозорите и да предизвика несакана топлина, или дополнително загревање на самиот објект. Засенчувањето на објектите во лето најважно е во попладневните часови, кога температурите се највисоки, па од таа причина многу е значително југо-западното садење на дрвјата. Садењето на источната страна за да се спречи утринското сонце, во наши услови е непотребна, бидејќи истото делува благопријатно.

temper-1

ИЗБОР НА ВИДОВИ ЗА САДЕЊЕ

Идеална сенка за нашето поднебје и начин на живеење би била онаа од дрвја кои достигнуваат 10-15 метри во височина.  Дрвјата со вакви димензии обично се садат на одалеченост од 5 до 10 метри од објектот, па и повеќе зависно од видот. Доколку се садат дрвја до самиот објект, тие не смеат да бидат 2/3 повисоки од висината на објектот, за да не го стави објектот во втор план во целокупната композиција.

Секогаш предност при изборот им се дава на листопадните видови. Причината за тоа е фактот што во лето, големата густа крошна на овие дрвја го спречуваат загревањето на објектите, блокирајки ја дирекната сончева радијација, додека во зима кога е потребна поголема топлина во објектите, листовите им се паднати, со што сончевата енергија лесно продира низ гранките од крошната и го загрева објектот.

При изборот на дрвја кои би се засадиле во близина на објектите, покрај максималната височина која ја достигнува видот, важен предуслов е да имаат добро развиена, компактна крошна, како и соодветно да им одговараат конкретните услови на месторастењето.

Испрати коментар

Scroll To Top