Павилјон, кој привремено е поставен на улиците на Париз е направен од 180 дрвени врати.
Circular Pavilion е ново креативно место во „градот на светлината“, коешто архитектонското биро Encore Heureux го дизајнира со намера во него да се одржуваат изложби, работилници, предавања и дебати.
Овој павилјон е привремен објект и повторно ќе биде монтиран во парискиот 14 дистрикт, како централа на спортско здружение.
Примарниот градежен материјал – врати – се набавени од различни места. Некои од нив се добиени како вишок од аукционерски продажби, некои се последица на нефункционалноста бидејќи се направени погрешно а некои се преземени од градилишта, пишува Contemporist.
Значи, Circular Pavilion е објект кој е целосно добиени од рециклирани материјали. Освен фасадата, која е направена од дрвени врати, конструкциската рамка е од материјал преостанат од некој старечки дом, додека подот и преградните ѕидови се искористени од поранешен изложбен простор.
Што се однесува до ентериерот, дрвени столици, кои се речиси единствениот мебел во павилјонот, се земени од депонија, поправени, префабрикувани и повторно ставени во употреба.