Дрвените лопатки за ветерни турбини претставуваат обид за решавање на проблемот со отпадот кој настанува по истекот на експлоатацијата на опремата од ветерниот парк. Еден од таквите чекори е инсталирањето на највисокиот дрвен столб за ветерна турбина во Шведска на почетокот нa годинава. Производителот на дрвените лопатки за ветерни турбини е германската компанија Voodin Blade Technology. Тие тврдат дека производството на дрвени лопатки ги намалува емисииите на CO2 за 78 % и трошоците за 20% во споредба со традиционалните технологии.
Лопатките се произведени од ламинирани дрвени плочи од фурнир, за кои оваа компанија наведува дека е поодржлив материјал од материјалите кои сега се користат, и овозможуваат рециклирање ан лопатките. Инаку, токму лопатките се најголемиот предизвик за рециклирање во оваа индустрија, бидејќи с еизработуваат од композитни материјали и тешко се одвојуваат нивните компоненти. Дрвените лопатки со должина од 19,3 метри, инаку целосно биоразградливи, монтирани се на постоечка ветерна турбина во Германија. Компанијата прави и нови прототипови за лопатки со должина од 60 и 80 метри.
Инаку, организацијата WindEurope во 2021 година ја повика ЕУ да го забрани одлагањето на лопатки на депониите. Во меѓувреме, неколку компании развија методи за рециклирање на лопатките, а производителите на ветерни турбини почнаа да ги изработуваат лопатките од нови поодржливи материјали.