Насловна / Архитектура / Дрвената архитектура на островот Кижи (видео)

Дрвената архитектура на островот Кижи (видео)

На североистокот на Русија во Република Карелија се наоѓа островот Кижи во езерото Оњега.Кижи е долг околу 7 километри, а широк 500 метри и опкружен со околу 5.000 мали островца, од кои некои не се поголеми од два метра во дијаметар. Островот се стекнал со светска слава поради руската архитектура од дрво од 18. век.

2

Овој остров кој е всушност и музеј на отворено содржи 89 дрвени атракции: светилишта, куќи, ветерници, складишта, справи за просејување сточна храна, сталаци за традиционално сушење на овошје и зеленчук.

8
Кижи во 1966. добил статус на национален музеј на архитектура и историја, а 1990. острвот е запишан на листата на културно светско наследство на УНЕСКО.

7
Бисер на овој отворен музеј е комплексот од две цркви од 18. век и камбанарија. Црквата Преображение изградена е во 1714. година ,на место на црква која изгорела од удар на гром, во чест на победата на Петар Велики над Шведска. Висока е 37 метра со 22 куполи во форма на главици лук.

1
Силуетата на црквата е во форма на пирамида насочена кон небото (висока 37 метара). Централниот дел на црквата Преображение е осмоаголник во три нивоа, потпрен со продолжетоци („раце“) на сите четири страни на светот. Ови продолжетоци исто така имаат нивоа кои претставуваат платформи за додатни куполи. Дваесет куполи се наоѓаат на самата конструкција, една е на врвот и уште една на источната страна над апсидата. Оваа замрсена мрежа од куполи истакната е со природните карактеристики на различни видови дрво: темни ѕидови од стар бор и сјајни сребрени куполи покриени со преку 30 илјади густо збиени даски од јасика. Вака направен кровниот дел на структурата овозможува проветрување, кое ја чува црквата од пропаѓање. Имињата на градителите не се познати, но легендата вели дека главниот неимар целата конструкција ја исклесал со една секира. Кога ја завршил работата ја фрлил секирата во езерото и рекол „повеќе ниту една работа нема да биде достојна“.

5
Градителите предвиделе црквата Прображение да се користи само за време на големи летни црковни празници. Во Русија храмовите често се градени во пар – еден за летна служба, а другиот за зимскиот период.

6

Зимската црква изградена е во 1764. година и е посветена на Пресвета Богородица. Споена со летната го дополнува комплексот и дава прекрасен визуелен влечаток. Додека црквата Преображение е насочена кон небото, Пресвета Богородица со својата проширена трпезарија има акцент на хоризонталата. Круна од осум помали куполи кои ги опкружуваат главните куполи над осмоаголниот центар претставуваат воедно и драматично и смирувачко решение. Црквата Пресвета Богородица е детално и сложено реставрирана, со што е осигурана нејзината иднина.

9
Архитектонскиот комплекс на острвот Кижи во секој случај е еден од оние споменици кои Русија ја прават Русија.

Испрати коментар

Scroll To Top