Дрвена патека се издига над дрвјата, давајќи прекрасен поглед на Похорје и поширокото опкружување.
Во есента 2019 година, во словенечката Рогла, популарно скијачко одморалиште и дестинација за викенд екскурзии, формирана е нова пешачка патека меѓу крошните на дрвјата. Оваа импресивна патека, покрај тоа што им нуди можност на туристите да дишат од чистиот шумски воздух, овозможува и прошетка над шумата, како и фантастични погледи на Похорје и околината, кои честопати се покриени со снег во зима.
Проектот е дизајниран од архитектот Јозеф Штегер во соработка со експерти од Zážitková Akademie (ZAK) кои потпишуваат слични проекти во Чешка и Словачка и кои веќе долго време ги освојуваат срцата на туристите. Иако само неколку месеци е во функција, успехот на проектот веќе се докажа во Словенија.
Челичната конструкција носи дрвена патека меѓу крошните од дрвјата која е долга еден километар, со максимална наклон од шест отсто. Инсталацијата на скалите е висока 37 метри, а во пролетва се планира да се отвори тобоган од 40 метри.
Рогла е една од највисоките планини на северот на Словенија на надморска височина од 1.517 метри и лежи во масивот Похорје на околу 40 километри од Целje. Опкружена со прекрасна природа од сите страни, не е изненадување што погледот изгледа прекрасно на околните планини.
Влезницата за на патеката е 10 евра, а објектот не е за домашни миленици, што значи дека тие ќе мора да се остават во куќа што е бесплатна за употреба.