Насловна / Архитектура / Дрвена кула во Чикаго, високо меѓу облаците

Дрвена кула во Чикаго, високо меѓу облаците

Со децении пред да бидат изградени супервисоките облакодери како Burj Khalifа, Чикаго се фалеше дека го има највисокиот облакодер на светот (Sears Tower). Но, како што се ближи реализацијата на новиот проект на компанијата Perkins + Will, градот може да очекува враќање во книгата на рекорди, овој пат за највисок дрвен облакодер на светот.drvena-kula-vo-chikago_3

Проектот River Beech Tower е планиран да се реализира во Чикаго, но сè уште е во рана фаза, па малку детали се објавени. Сепак, извесно е дека проектот вклучува 300 дуплекси распоредени околу централен атриум. Исто така, планирани се затворени паркови и други заеднички простории. River Beech Tower ќе има 80 ката, што е далеку повеќе од познатите дрвени облакодери, како што се 21-катниот Haut и 18-катниот Brock Commons.drvena-kula-vo-chikago_6

Овие две кули, а денес и многу други од групата „дрвени облакодери“, донекаде се слични по конструкцијата и се состојат од лемелирани дрвени плочи (CLT), понекогаш со додадено бетонско јадро. Пристапот на компанијата Perkins + Will е поинаков, и со овој проект тие би можеле да достигнат многу поголема височина од онаа што во моментот се смета за изводлива кога е во прашање дрвото како материјал, но со помош на систем на дијагонални мрежи (diagrid). „Овој иновативен конструктивен систем е проектиран така што може во целост да ги искористи механичките карактеристики на материјалот преку концептот diagrid“, објаснуваат од компанијата Perkins + Will.drvena-kula-vo-chikago_4

Системот ефикасно ги распоредува оптоварувањата на сите елементи од градбата. Системите на дијагонални мрежи (diagrid) долж кулата се поврзани со внатрешни попречни споеви на рабовите на централниот атриум. Овие споеви создаваат меѓусебно поврзан систем, кој им овозможува на надворешните системи од дијагонални мрежи да „работат“ заедно, со цел ефикасно спротивставување на бочните оптоварувања кои доминираат кај конструкциите на високи згради.drvena-kula-vo-chikago_1

Останува да се види дали River Beech Tower ќе биде изграден. Компанијата стои зад тоа дека кулата би можела да биде изградена во рамките на програмата Riverline. Истражувањата на целиот концепт се во тек. River Beech Tower е проект произлезен од соработката помеѓу фирмите Perkins + Will, Thornton Tomasetti и Универзитетот во Кембриџ.drvena-kula-vo-chikago_5 drvena-kula-vo-chikago_2

Испрати коментар

Scroll To Top