Насловна / Архитектура / Дрвена кула на врвот на мелница од 19 век

Дрвена кула на врвот на мелница од 19 век

Изградбата на дрвени облакодери ширум светот зеде замав затоа што во последните години се развиени техники што го овозможија тоа.

Станбено – деловни дрвени кули се натпреваруваат која ќе биде повисока и секоја година имаме нова што зазема почесно место. Дрвената зграда што ќе се спомене тука нема да биде највисока во оваа категорија по нејзината реализација, но секако е една од најспецифичните.

kula1

Проектот на компанијата „Урбана агенција“ вклучува стара зграда од мелница од 19 век, која ќе го формира долниот дел од новата зграда, додека во горниот дел ќе се подигне структура во форма на дрвена кула. Мелницата се наоѓа на крајбрежјето на Даблин. Оваа конструкција всушност ќе биде продолжение и поставена на „покривот“ на индустриска мелница висока 22 метри. За изградбата ќе се користи вкрстено ламинирано дрво – CLT. Планот е горниот дел од кулата да биде висок над 50 метри. Сепак, и покрај оваа импозантна висина, кулата нема да ја стигне највисоката дрвена зграда во светот, норвешкиот Мјестринт.

Во согласност со фактот дека зградата на мелницата е во фаза на распаѓање, мора да се изврши санација, а и самиот пристап треба да се подобри. Во внатрешноста на старата мелница ќе се сместат единиците за домување, додека кулата ќе биде наменета за деловен простор, освен последните два ката каде ќе се наоѓа затворена градина.

kula2

Покрај употребата на одржливо дрво, ќе бидат инсталирани и соларни панели. Употребата на дрва за изградба од одржливи извори претставува критична предност на животната средина во однос на другите материјали. Неговата природна мала тежина овозможува полесен транспорт, го намалува јаглеродниот отпечаток и овозможува монтирање надвор од локацијата, што е особено погодно за локации кои се во густо населено подрачје.

За проекти од ваков тип, дрвото е идеално решение бидејќи додава нова вредност на историската зграда и е исто така одржливо. Иновативен додаток во форма на дрвена конструкција на постојната мелница го покажува потенцијалот за повторна употреба и зачувување на националното архитектонско наследство, истовремено исполнувајќи ги барањата за создавање поголем простор со проширување нагоре, а не од страна.

Испрати коментар

Scroll To Top