Насловна / Архитектура / Дрвена куќичка – вистински рај за децата

Дрвена куќичка – вистински рај за децата

Joe Rackley, еден прекрасен татко од Watford, изградил куќичка во градината за своите две ќерки во време кога во Англија луѓето остануваа дома поради коронавирусот. Тој го започнал проектот на први април во време кога не работеле ушилиштата.

1_resize

43-годишниот татко се инспирирал кога неговата тригодишна ќерка за двена куќичка зборувала и ја опишувала како рај и посакал за своите ќерки да создаде нешто убаво, практично и забавно. Целата куќичка ја направил за само 120 фунти.

3_resize

И покрај тоа што било тешко да користи остатоци од дрвени палети од градежништво, поради нивната слаба носивост, стеблото на црешата во својот двор го искористил за подупирање. Дури и ќерка му Tabitha му помагала во осликување на просторот.

4_resize

Дрвената куќичка вклучува пластичен кров, четири тобогани, подови од плута и други забавни елементи, користејќи ги отфрлените материјали и предмети кои ги имал дома на располагање. Купувањето не било алтернатива бидејќи продавниците ширум Англија биле затворени поради вирусот.

Оваа неверојатна куќичка Joe ја завршил на четврти мај и го реализирал сонот на својата ќеркичка за вистинскиот рај.

5_resize 2_resize 6_resize 10_resize 11_resize 15_resize 16_resize 17_resize 13_resize 14_resize 12_resize

Испрати коментар

Scroll To Top