Сместена високо на норвешка планина каде владеат сурови временски услови се наоѓа оваа скулптурална дрвена куќа со издржлива фасада и елегантен ентериер.
Овој планински проект е дело на архитектонското биро Arkitektværelset кое досега успешно извело неколку градежно – еколошки предизвици од сличен тип. Што се однесува до оваа дрвена куќа, проектот го условиле разни фактори од временските (не)прилики, па се до строгите градежни прописи, што само ја охрабрило креативноста на архитектите. Tako je ova savremena brvnara dobila krov koji više liči na jedan odevni predmet.
Објектот се наоѓа на надморска визина од 1.125 метри во близина на лавински активности (но сепак подалеку од критичната зона), проектантите фасадат ја проектирале во форма на капуљача. Inhabitat пренесува дека овој елемнт како хауба има за цел да ги заштити прозорите, а притоа совршено одговара на локалните градежни прописи кои налагаат, крововите на станбените објекти да бидат под агол од 22 до 27 степена.
Архитектот Grethe Løland од бирото Arkitektværelset изјавил дека формата на капуљачата е задржана уште од почетните скици за проектот: „Кровот со спуштена форма ги штити „очите“ на кабината во предниот дел и го спречува дождот да капе низ главниот влез во нејзиниот „врат“. Поради овој необичен изглед, објектот е како скулптура во опкружувањето во кое поголем дел од куќите изгледаат слично“.
Визуелниот ефект е уште посилен благодарение на фасадата изработена од панели од необработена боровина, поставена во контраст со црната „каросерија“, основниот дел на дрвената куќа. Големите прозори освен што пружаат фантастичен поглед на околината, внесуваат и големо количество светлина во елегантен и модерен ентериер, обложен со дабово дрво.
Вкупната квадтатура на објектот е 73 метри квадратни.