Дрвената куќа, дизајнирана од хрватскиот архитект Идис Туратo, се наоѓа на пространа парцела покрај јадранскиот брег на островот Крк. Поставена е во богат медитерански парк и е наменета за привремен престој, одмор.
Куќата е дизајнирана преку силна градежна поетика која, поддржана од домашни уреди сместени во кутии за комунални услуги, дефинира простори на специфична атмосфера и програма. “Дрвената куќа е отворена градба со повеќе влезови и излези, таа е како матрица на различни амбиенти, ентериер, надворешност и простор за поминувањемеѓу куќата и нејзината парцела“, вели Турато, додавајќи дека пространата парцела содржи парк со медитеранско зеленило, патеки и стази кои овозможуваат различно поминување и користење на оваа куќа.
Куќата се состои од дрвена решеткаста структура, систем на столбови и косини, покрив со рогови, греди, гребени греди, клешти, празнини и стреа направена од плочки направени од ламинирано дрво од ариш. Покривот во висина на венецот содржи длабок трем изработен од долги греди.
Куќата нема класични прозорци и врати. Нема цврсти sидови, нема бетонски или градежни елементи од тули. Оваа дрвена куќа нема класични простории, нема подови, нема подруми. Нема постојани станари, нема класична просторна хиерархија или јасно дефинирана функција. Дрвената куќа служи и поддржува различни настани и активности.
Дрвената куќа и нејзините променливи програми за одмор се поддржани од мали кутии,„контејнери “ што ги содржат потребните уреди и апарати за домаќинство.Едноставно поставени и правилно распоредени под покривот на куќата – компактните кутии служат за домашните апарати, кујна, мини-бар, аудио-видео кутија, камин, сауна, бања, соблекувална, оставата, чајната кујна, паметната домашна инсталација и остава за чување на алати.
Секој од овие домашни уреди е независен од изградбата на отворите на покривот и стаклото и служи на различни програми, во зависност од тековната желба на корисникот, времето од годината, денот или ноќта, пригодата, бројот на станари и нивни гости. Покрај познатите уреди, домашните уреди вклучуваат и дигитална, паметна технологија за климатизација и подготовка на вода и воздух, аудио и видео опрема за создавање различни околини, забава, релаксација, следење, снимање, контрола и заштита на отворената структура на дрвената куќа.
Куќата има кос кров традиционално покриен со плочки со различни големини и бои. Стреата на кровот е направена во патиран лим од бакар.
Просторот за поминување меѓу внатрешноста и надворешноста на куќата лоцирани во аглите на куќата се дизајнирани како зимски и летни градини покриени со поликарбонат и полипропиленски панели. Дрвената структура на покривот, покриена со различни материјали, создава простори на хетерогена и специфична атмосфера, амбиенти на различен светлосен интензитет и посебна микро клима.
Паркот, кој целосно ја опфаќа куќата, се состои од седум тематски единици на медитеранската хортикултура. Различни паркови елементи го дефинираат просторот во кој има специфична содржина за одмор, карактеристично феноменолошко и биолошко опкружување. Тематскиот парк содржи „острови“ со различно медитеранско зеленило: палми и агава, бамбус, лаванда, бор, овоштарници и дабови, украсни растенија и мала стаклена градина.