Само четири месеци биле доволни за да се изгради оваа прекрасна куќа, недалеку од градот Убуд на Бали. Станува збор за дрвена куќа сместена на дрво, која дополнително е опкружена со густи дрвја. Сосема доволно „дрвена атмосфера“ за една мирна област со висок стандард на живеење.
Структурата на оваа дрвена куќа се состои од јадро кое го држат четири вертикални столбови кои се граничат со скалила, што дополнително ги спушта и таванот и подната плоча со цврсти челични кабли кои се протегаат од истото јадро. На овој начин е добиен многу помал пресек на елементи и конструктивни делови во рамките на целиот објект. Тоа било и водечки принцип на архитектите – создавање витки фасади со тенки прозорски рамки и панели кои не мора да носат ништо друго освен сопствениот товар.
Куќата крие кујна со голема дневна соба, прилично пространа спална соба со простор за дополнително седење и заедничка бања. Инаку, максимум четири лица можат да се вклопат во овој удобен простор за живеење кој не само што нуди одлична функционалност туку и овозможува прекрасен поглед на околните оризови полиња.
Целта на создавањето на оваа магична градина била да се создаде сонлив и див лавиринт од повеќегодишни растенија и дрвја со ниско одржување, скриени места за седење и да се ужива во погледот на соседните оризови полиња. Околните градини се полни со цвеќиња, тропски украсни растенија и јадливо овошје, што е дополнителен бонус кога станува збор за целиот овој дрвен проект.