Оваа дрвена куќа креирана од архитектот Pascal Flammer е пример за тоа како на различни начини се восприема пејзажот на околината. Има два главни катови, едниот е 750 mm под земја а другиот е 1500 mm над. На приземјето се наоѓа дневна соба како единствен простор со значителено понизок хоризонтален таван. Во овој простор се случува физичко поврзување со природата надвор од континуираниот прозорец. Просторот горе е спротивен. Овој кат е поделен на четири еднакви соби со висина од шест метри. Висината на некој начин го дефинира просторот. Големите прозорски отвори отвораат погледи кон полето од пченица. Приземното ниво е повеќе за поврзување со висцералната природа на контекстот, додека горниот кат е за набљудување на природата.