UID architects го комплетирале својот проект за галеријата UTSUWA, кој вклучувал реновирање на постоечката структура во преградието на Хирошима, Јапонија. Токму во заедницата се одржуваат многу семинари и настани, што ја прави неизбежна дестинација каде се собираат многу индивидуалци и организации.
Дизајнот се карактеризира со повторливи дрвени даски кои го затвораат засечениот волумен на приземното ниво, кое служи како тампон зона помеѓу внатрешниот и надворешниот простор. Низ планот се среќаваме со зони во кои е насадено зеленило, со што се создава директна и интимна врска со природата. Употребата на дрво продолжува и во внатрешноста користејќи мебел од иверка и опрема инкорпорирани со студиото што е артикулирано низ две нивоа. Скалишниот простор води до удобен дневен простор кој е сместен на горниот кат, и нуди релаксирана и гостопримлива атмосфера за посетителите.