Новиот изложбен салон во близина на Штутгарт ја покажува силата на компјутерскиот дизајн и роботиката. Не е чудо што скулптуралната дрвена структура се наоѓа на Институтот за компјутерски дизајн на Универзитетот во Штутгарт. Големите дрвени шестоаголници, заради кој дизајнот изгледа како саќе за пчели, се конструирани со помош на роботиката и механички се поврзани во единствена површина. Галеријата е лесна како пердув бидејќи дебелината на структурната мембрана не достига дури ни 50 милиметри.
Landesgartenschau Exhibition Hall е дел од проектот што ја разработува примената на роботиката во изработката на дрвени конструкции и во полна мера ги демонстрира можностите на моделирање со употреба на компјутерскиот дизајн.