Во рамки на новосадскио Кампус поставена е скулптура од дрво која се вклопува во просторот со своите пропорции, форма и положба.
„Како што е мобилијарот важен за стан, така и урбаниот мобилијар е важен за градот. Стан без мебел е празен, нефункционален, а ист е случајот и со градот“. Со овиве зборови го објаснува својот проект, официјално именуван „Визуелни комуникации“, архитектот Дејан Митов од Моделарт архитекти
Иницијатор на проектот е Фондацијата „Нови Сад – Европска престолнина на културата (ЕПК)“.
Како што вели Митов, „Градинарскиот павилјон“, како што е името на проектот од дозволата за градба, е место за собирање поставено на две места на територијата на градот Нови Сад – во Универзитетскиот кампус на Лиман и во приградското место Буковац.
„Идејата беше истиот павилјон да се појави на уште неколку места, но на крајот поради буџетот се ограничи на овие две локации“, вели Митов.
Павилјонот е инспириран од логото на EПK, кое содржи растер 7×7со букви, така што тој растер е пренесен на основата на павилјонот.
Растерот прво е формиран во основа, а потоа тродимензионално се трансформира за да стане динамичен и да формира простор за седење на долната страна, односно градина на горната страна.
„Местимично се поставени триаголници со транспарентна метална мрежа, што дополнително создава динамична игра на светлина и сенка. Седум од тие полиња се осветлени да светат ноќе, повторно бројот 7 како инспирација од логото на ЕПК“ – вели архитектот.
Павилјонот е проектиран и дизајниран според околината на универзитетскиот кампус „Круг“ во кој се наоѓа мало возвишување кое доминира во самиот кампус и се поставува како стратешка позиција, објаснува архитектот.
„За време на моите студии, секогаш гледав на оваа позиција како најважна и секогаш размислував што може да се појави таму. Некој на поминување низ кампусот рече дека изгледа како „птица“ со раширени крилја, па кога ќе ја погледнете од влезот на Правниот факултет навистина изгледа така“, вели Митов и додава: „Од друга страна, слушнав коментари дека изгледа како книга кога се листа, што некако особено ми се допадна поради следнава причина. Павилјонот беше дизајниран за кампусот и беше планиран прво таму, а потоа идејата да се појави на неколку други места во градот не ја намалува важноста и дизајнот на павилјонот, туку симболично ја шири идејата и културата на кампусот низ целиот град како еден вид „позитивна (културна) зараза. Така, идејата дека изгледа како книга е одлична, бидејќи на некој начин ја пренесува културата на кампусот низ градот“.
Основен материјал за павилјонот е ламинираното дрво, кое формира неправилни и брановидни линиски носачи. Покрај дрво, има и лимени опшивки и лимени саксии, додека триаголните исполни се од челик.
Павилјонот во Буковац е целосно енергетски автономен, односно осветлувањето е преку соларни панели.
Архитектот напоменува дека најголемите предизвици при проектирањето биле да се испроектира сложената геометриска структура, а помош била побарана и од Факултетот за технички науки (ФТН).
Така, комплетната обработка на 3Д моделот и подготовката за дигитална изработка ја направил Центарот за дигитален дизајн од новосадскиот ФТН.