Столот h1 е дел од Higro Shape фасцинантната колекција на уникатен мебел кој ја демонстрира вистинската убавина на самообликувачки топли елементи направени од дрво. Инспириран од грчкиот термин „hile“, кој се користи за да се опише материјата, но и древниот материјал, и со додавањето на зборот „tech“ кој ја нагласува иновативната технологија, развиено е досега невидено еколошко решение за преобликување на иднината на дизајнот.
Беспрекорно имплементирајќи програмирање за да се искористи единствениот потенцијал на одржливи материјали и практики, овој извонреден проект претставува промена во производните процеси. Вешто дизајниран на Универзитетот во Штутгарт, секој објект нагласува специфична синтакса за програмирање на материјали направена со цел да го проучува концептот на компјутерско производство од самиот почеток на работата до конечното создавање на финалниот производ.
Користејќи ги суштинските својства на дрвото, овие минималистички производи со скандинавска естетика се произведуваат во рамни конфигурации и се обликуваат оној моментот кога ќе ги извадите од пакувањето. Нивното самообликување произлегува од хигроскопското собирање кое природно се јавува кај органските дрвени материјали.
Интересно е што ова се случува без човечка интеракција, алатки или упатства за монтажа, а процесот се случува непречено, природно, брзо, речиси преку ноќ. Еднаш обликувани, деловите дополнително механички се заклучуваат, создавајќи стабилност, додека во исто време ја задржуваат активната ергономска функција преку мали хармонични движења, и тоа без никаков напор.