Правецот во кој денес се движат градските населби во светот е сличен на примерот на Örnsro „Trästad“ или Örnsro „Дрвен град“ односно тие да станат позелени и поспокојни за живот. Новата населба треба да биде готова во 2017 година.Планот за развој на оваа населба предвидува таа да се гради од темели, истовремено и како градски кварт и како јавен парк со згради со дрвена конструкција.
Нацртот за Örnsro Trästad, кој ќе се простира на површина од околу 18.000 квадратни метри, во центарот на шведскиот град Örnsro, ја проектирале фирмите C.F. Møller Architects и C.F. Møller Landscape, во партнерство со фирмата изведувач Slättö Förvaltning. Населбата ќе с есостои од неколку стамбени згради со различна височина со вкупно 250 станови.
Сите згради ќе имаат дрвена конструкција, со цел да се придонесе за животната средина и еколошките аспекти. Како што објаснуваат од C.F. Møller Architects, дрвото како материјал овозможува ниска потрошувачка на енергија истовремено се нуди во архитектонски форми кои ги нема кај другите материјали.
„За нас е очигледен изборот на структури од полно дрво како и фасада од дрво. Освен позитивното влијание врз животната средина, дрвото ни дава можности за создавањена иновативна и вредносно – креативна архитектура“, објаснуваат од C.F. Møller Architects.
Зад дрвените згради, самото подрачје ќе биде зелено, со урбан предел интегриран во она што во суштина ќе биде парк. Подрачјето прекриено со тревници ќе биде испресечено со патеки кои ја поврзуваат заедницата со околните подрачја, а тука секако ќе има и места за социјализација и рекреација.