Насловна / Арт и дизајн / Дрвен држач за слушалки како скулптурална уметност

Дрвен држач за слушалки како скулптурална уметност

Figure EIGHT не е само држач за слушалки туку и прекрасна скулптура дизајнирана од Carl Liu. Формата ја прават два цилиндри еден врз друг; горниот цилиндар ја држи лентата за глава, а долниот цилиндар служи да се постават левиот и десен звучник за да може слушалките цврсто да се закачат на дрвениот држач, така што формата навистина ја следи функцијата. Во тунелот помеѓу двете парчиња за ушите може да го собере кабелот за слушалките, доколку го имаат.

2

Figure EIGHT е направена од едно парче северноамерикански орев со CNC сечење, а потоа завршен со рачна обработка. Мазните површини и нежните кривини на обликот на држачот исто така значат дека нема груби рабови што ќе го оштетат материјалот на слушалките додека се наоѓаат на дрвениот држач.

5

Меѓутоа, најголемата привлечност на Figure EIGHT е всушност неговиот изглед, бидејќи служи како прекрасен украсен предмет без разлика дали се користи или не. И покрај тоа што е сам по себе современ, тој сепак не го одвлекува вниманието од слушалките, внимавајќи вашите скапи слушалки гордо да бидат прикажани на најдобр начин.

3 1 4 6

Испрати коментар

Scroll To Top