Француската енергетска компанија GdF SUEZ инвестира во компанијата Red Bird, која произведува цивилни дронови чија задача би била надзор на гасната инфраструктура. GdF SUEZ вложила 2,1 милиони долари во овој проект со што би се овозможило беспилотните летала да ја снимаат гасната инфраструктура, а сите снимки со висока резолуција ќе се користат за превентивно одржување.
Француските прописи за користење на дроновите се далеку понапредни отколку во остатокот од светот, вклучувајќи ги и САД, односно нивната примена е ограничена на индустријата, земјоделството и медиумите.