Насловна / Вести / Дронови изградија вистински мост!

Дронови изградија вистински мост!

Дроновите имавме прилика да ги видиме во најразлични улоги, од трки, пренесување на пратки, па сè до користење во воени цели. Но, најновиот проект се чини дека отишол и чекор подалеку кога се работи за летечките машини.

DroneRopeBridge

Се работи за исклучително импресивен проект спроведен од страна на циришкиот Институт за динамични системи и контрола.

Проектот Aerial Construction со помош на циришкиот Институт за динамични системи и контрола успеа дроновите да ги искористи за изградба на мост.

Всушност, летечките квадрихоптери направија вистински функционален мост од јажиња долг 7.4 метри, а доволно издржлив за една личност да може да премине преку него.

Она што е уште поимпресивно е тоа што дроновите сето ова го направиле сами, примајќи ги командите преку бежичен пат од компјутер кој што ги пресметувал точните координати до кои што требале да летаат.

Сепак, постојат и две маани. Прва е дека дроновите не можат да изградат држачи за кои се прицврстуваат краевите на мостот, а втората е дека точните мерења мора да ги извршат самите луѓе.

Како изгледала изградбата на овој дрон погледнете во видео-записот во продолжение:

Испрати коментар

Scroll To Top