Друштвото за депонирање на комунален отпад Дрисла – Скопје, е во фаза на поставување на постројкaта за третман на индустриски опасен отпад AXIS 9000/b и постројката за третман на неопасен отпад AXIS 11000/b.
Постројките AXIS® се во согласност со Директивата за Машини № 89/392 ЕУ, а во однос на безбедноста на вработените и во однос на почитувањето на животната средина се дизајнирани да не наштетуваат на луѓето или на животната средина.
Целта од поставувањето на овие постројки е третирање на опасниот отпад кој е присутен само во цврста или каллива форма, правејќи го неопасен отпад и третирање на неопасниот отпад кој е присутен само во цврста или каллива форма, правејќи го стабилен.
Овие постројки се наменети за третман на различни видови отпад и тоа: сите видови на неопасен отпад, чад од челичана, пепел од инсенератор, исцедок од депонија, калишта/тиња од депурација, талог од штавење, растворувачи и мешавини за растворување, заситени масла кои содржат ПЦБ, кисела кал која содржи ПЦБ, остатоци од јаглеродоводороди хлорирани, раствор електролитен од галвански процеси, коски (прав) од животни, загадена почва, отпад од хемиска индустрија, отпад од прехрамбена индустрија, производи со изминат рок, отпад од рафинерии, троски и слично.
Постапката за примање на индустрискиот опасен и неопасен отпад во зоната која е наменета за негово третирање, се состои од неколку фази:
1. Превентивна информација од страна на создавачот на отпад за карактеристиките на отпадот. Во оваа фаза директниот контакт се користи за барање на документи и хемиско/ физички анализи за идентификација на отпадот и утврдување дали е третирањето е можно или не.
2. Потврда за примање. Откако е потврдена можноста за третирање, со производителот се преговара за терминот на потврдата и трошоците за нејзино давање.
3. Прифаќање. Материјалот кој е вака договорен, се транспортира со легалните документи и бараните анализи, за да може да пристапи кон депонијата.
4. Аналитичка контрола. За првата потврда или за секој пат кога одговорното лице на постројката смета дека е потребно, се извршува земање на мостри. Тоа се сместува во соодветна зона во очекување на верификација. Ако анализите не се совпаѓаат, отпадот се одбива од создавачот на отпадот.
5. Анализа по третирањето. Со целосното третирање се вршат нови анализи со цел да се определат нови параметри и начини за оставање на отпадот во депонија.
Откако ќе заврши постапката за прием на опасниот отпад се пристапува кон нова постапка, а тоа е третман на истиот. Прво, ископаниот отпад, земен од различни зони на складирање, се внесува во постројката преку подвижна лента со голем сад, со гумен нож. Отпадот кој се пумпа, претходно чуван во силоси, се внесува директно во постројката преку моно пумпа со менувач на брзината и може да се прилагоди количевството отпад на влез. Силосите содржат адитиви и се сместени надвор од главниот дел на зградата и внесени во дозатор на циклус за треетирање со систем за воздух од типот ВАКУУМ кој може да гарантира ефикасност и контрола на дисперзија на прав.
ДРИСЛА – СКОПЈЕ ДОО е единствена депонија на територијата на Република Македонија која поседува вакви постројки за третман на индустриски отпад и ги поседува сите неопходни дозволи за работа со истите.