Впечатливата експлозија во која се срушени четири огромни ладилни кули на електраната Rugeley, накратко го прекина натпреварот кој се играл во близина на местото, во склоп на аматерската лига во Велика Британија, а видеото кое го прикажува рушењето привлече големо внимание на социјалните мрежи. Интересна е сцената од фудбалскиот терен, во чија позадина драматично с ерушат деловите од електраната стара 60 години. Овие симболи на индустриска Британија заминуват во историјата, а локалниот клуб имал најголем број гледачи во својата историја, но тие дошле з да го гледаат рушењето. На огромната парцела која оваа екогашна електрана ја остава зад себе ќе биде изградено училиште, како и илјада домови, но и „простор за вработување“.