Насловна / Архитектура / Драматично накосена зграда во Техеран

Драматично накосена зграда во Техеран

„Turbosealtech нов инкубатор и деловна зграда“ никого не остава рамнодушен. Проектирана во студиото „New Wave Architecture“, оваа необична зграда е изградена во 2016 година и неодамна е завршена.

Teheran

Сместена е во научно-технолошкиот парк Пардис во Техеран, а нејзиниот изглед наликува на јужнокорејската „Leaning House“. Зградата има 2.500 квадратни метри, се простира на пет нивоа и е исполнета со природна светлина.

Teheran1

Во зградата се сместени канцеларии, конференциска сала, соба за гости, како и отворен работен простор каде посетителите можат да ја набљудуваат работата на компанијата. Целокупниот проект е проектиран да ја поттикне интеракцијата меѓу вработените и да промовира отвореност.

Необичниот покрив е покриен со зеленило и просечен за да се добие мала тераса. Поставен е и систем за собирање дождовница, кој се користи за полевање на растенијата.

Teheran2

Архитектите се погрижиле за енергетската ефикасност, па веднаш до стаклената надворешност на објектот е поставена алуминиумска потпорна конструкција која го ублажува загревањето на објектот во сончевиот период.

Од „New Wave Architecture“ посочуваат дека обликот на објектот е во склад со локацијата, контролата на топлината и функцијата на објектот.

Teheran3

Испрати коментар

Scroll To Top