Насловна / Вести / Драматични научни проекции: На Медитеранот летото ќе трае половина година

Драматични научни проекции: На Медитеранот летото ќе трае половина година

„Летото би можело да се продолжи на шест месеци во годината до крајот на овој век, доколку не се промени трендот на климатските промени“, покажува студијата која ја цитира CNN. Во минатите 60 години, летото ширум светот се продолжило за 17 дена. Притоа, големи разлики покажува Mедитеранскиот регион во кој летото се продолжувало за 8 дена на секои десет години. На прв впечаток тоа не изгледа премногу, но со текот на времето тие промени стануваат се позабележливи и влечат значајни нови промени.

summer1

„Летата стануваат подолги и потопли, а зимите пократки и потопли, поради глобалното загревање“, коментира Yuping Guan,  водечкиот автор на студијата. Овие промени, кои на прва на многумина им звучат добро, би можеле да имаат сериозно влијание врз здравјето, животната средина и земјоделството, додава тој. Имено, тоа би значело дека траењето на топлинските бранови би се продолжило, болестите кои ги пренесуваат комарците би станале пораспространети, сезоните на алергии на полен поостри, и сл.  Повисоките температури ширум планетата траат подолго и тоа влијае врз останатите годишни времиња. Година поладна од просекот за последен пат е регистрирана на крајот на седумдесетите години, односно пред повеќе од 40 години. „Доколку ништо не се промени, до крајот на векот летото ќе почнува цел месец порано отколку во 2011 година, а есента и зимата околу половина месец подоцна. Тоа значи дека во 2100 година, летото ќе трае шест месеци, а зимата само два месеци“, се заклучува во студијата.

summer2

Доколку пролетта би почнувала еден месец порано, тоа значи дека пролетните температури ќе ги разбудат посевите еден месец порано, но климатските промени истовремено значат и променливост во температурата што потенцијално би довело до катастрофални загуби на посевите.

„Промените во растителниот свет би можеле да доведат до промени и кај животинските видови. Освен тоа, подолгото траење на високите температури, ја зголемува веројатноста од несакани настани како што се топлотните удари и пожари“, изјавил за CNN Congwen Zhu, истражувач од Кинеската академија за метеоролошки науки, кој не е поврзан со споменатата студија. А жештината и пожарите во САД на пример, се оценуваат како поубиствени отколку поплавите и ураганите. Комарците полесно и почесто би можеле да ги шират вирусите и да доведат до сериозни закани за јавното здравје.

summer3

 

Испрати коментар

Scroll To Top