Овој стан во Краков се истакнува со употребата на имагинација на архитектите што го уредувале. Јакиот модернистички стил е кален во мебел кој употребува класични и природни материјали. Секоја од перспективите ни пружа посебно архитектонско – визуелно искуство кое плени со својата естетика, со изненадувачки детали во секој од аглите.
Овој стан е дело на архитектонското студио „ПЛАСТЕРИНА“ од Краков, кое претставува збир на едни од најдобрите тамошни архитекти и дизајнери.
Овој стан во својата материјализација интензивно ги употребува дрвото и кожата, што во комбинација со текстил во кафеавкасти тонови и пријатно осветлување им дава прекрасно пријатно чувство на своите корисници.
Пространиот простор, отворениот дневен престој кој е споен со кујната и трпезаријата, им овозможиле на архитектите поголема слобода и докажување на својата креативност, па така овој простор плени со својата убавина.