Насловна / Вести / Дождот во Тетово – закана за нови катастрофи

Дождот во Тетово – закана за нови катастрофи

Шест месеци по катастрофалната поплава во Тетово и тетовско, која нанесе големи материјални штети и однесе човечки животи, во овој град и неговата околина сè уште се видливи трагите од оваа непогода, а нивната санација изгледа како невозможна мисија за локалните и централните власти кои непосредно по поплавата ветуваа брза и експедитивна санација и обесштетување.

1-kal-vo-tetovo

Секој нареден дожд влева страв кај населението што живее тука, а во исто време, многу видливи и забележителни ги прави последиците од поплавата. Секој нареден дожд создава огромни локви со кал по улиците од ова подрачје. Куповите со земја, смет и кал сè уште стојат покрај речните корита и улиците во тетовско. Дали овој регион останува заборавен од локалните и централните власти, или тие немаат способност и сила да се справат со вака важен проблем или пак немаат слух за него, останува дилема.

3-kal-vo-tetovo

2-kal-vo-tetovo

5-kal-vo-tetovo

4-kal-vo-tetovo

Испрати коментар

Scroll To Top