Подрачното одделение за заштита и спасување Пробиштип при Дирекцијата за заштита и спасување, соопшти дека јамските простории на рудникот Злетово се поплавени поради постојаните и повремено засилени врнежи од дожд на подрачјето на општината Пробиштип, коишто доведоа до подигање на нивото на реките и водотеците.
„И покрај непрекинатото испумпување на водата од јамските простории од нивниот инсталиран систем на пумпи, дотокот на вода е се поголем. Поради настанатата ситуација, побарана е помош од Дирекцијата за заштита и спасување за нејзино надминување. Од страна на стручни лица од подрачното одделение за заштита и спасување Пробиштип е излезено на самото место, при што е согледана ситуацијата и е одлучено да се достави пумпа со голема моќност и со сите потребни елементи и опрема (моторна пумпа со соодветни приклучни елемети, одводни црева), како и стручен оператор кој ќе се ангажира од подрачното одделение на дирекцијата во Куманово, се вели во соопштението.