Во Кина започнала со работа реверзибилната хидроцентрала Fengning. Има инсталирана моќност од 3,6 GW со што е најголема електрана од ваков вид во светот. Постројката се наоѓа северно од Пекинг, а се состои од 12 пуумпно – турбински агрегати. Електраната е изградена од страна на државната енергетска компанија State Grid Corporation of China (SGCC).
Работите на изведбата требало да бидат завршени уште во 2021 година, бидејќи биле започнати во јуни 2013 година. Договорот з аиспорака на агрегатите бил потпишан во 2017 година со компанијата Andritz.
Според податоците од Меѓународното здружение за хидроенергија (IHA), Кина предничи по новоинсталирана моќност на хидроелектрани на светот. Така, во 2023 година, новоинсталираната моќност на хидроенергетски постројки во Кина достигнала дури Kina 6,7 GW, од кои над 6,2 GW се во реверзибилни постројки.