Довршена е изградбата на најголемата светска пловечка ветерна електрана. Станува збор за ветерната електрана Kincardine со инсталирана моќност од 48 MW, која е изградена покрај шкотскиот брег на Северното море, недалеку од Абердин. Новата ветерна електрана треба да произведува 218 GWh електрична енергија годишно, што е доволно за снабдување на 55.000 британски домаќинства. Се состои од пет ветрогенератори со поединечна моќност од 9,5 MW и два со поединечна моќност од 2 MW, испорачани од данскиот производител Vestas.