Насловна / Вести / Достоен раст на технолошките компании

Достоен раст на технолошките компании

macintosh

Во годината кога ArchiCAD слави 30 години постоење, светот доживеа тешки премрежја како ширењето на вирусот Ебола, украниската криза, мистериозното исчезнување на летот 370, појавата на Исламска држава, израелските напади на Газа, балканските поплави, како и медиумските мега настани: светското првенство во Бразил и спуштањето на кометата 67П/Чурјумов-Герасименко. Во ваква бурна година, IT настаните практично беа потиснати во втор план. Она што ја одбележа годината во IT AIG индустријата е достојниот раст на технолошките компании, стратешките аквизиции што ги извршија софтверските гиганти од типот на Autodesk, Trimble, Bentley Systems, Nemetschek, растот на технологиите BIM (Building Information Modeling) и 3D Printing и други.ac18-box

 

Краткиот редослед на поважните настани од IT AIG индустријата би изгледал вака:

 

Јануари 2014:

  • Славиме точно 30 години од појавата на првиот Macintosh компјутер. Во далечната 1984 година, Стив Џобс го претстави она што во тоа време беше првиот PC со интегриран графички интерфејс и глувче.
  • Кинескиот IT гигант Lenovo, ја купи Motorola Mobility од Google стекнувајќи се на тој начин со напредна телекомуникациска технологија и значајни патенти. Lenovo во 2005 година го купи PC бизнисот на IBM, но најави дека ќе купи и дел од бизнисот со сервери.

140402-satya-nadella-1522_babd2ba4acc880ad1ce4dcaa482513e4

Февруари 2014

  • Satya Nadella е назначен за извршен директор на една од најголемите IT компании во светот – Microsoft. По ерите на Бил Гејтс, подоцна и на Стив Балмер, на чело доаѓа релативно млад кадар. Сè укажува на тоа дека Microsoft фрлил се на картата „промени и иновации“.

 

Март 2014

  • Март традиционално е резервиран за објавување на годишните верзии на AutoCAD, а потоа и на останатите Autodesk апликации. Овогодишната 2015 верзија дефинитивно се збогува со менито Classic, а како освежување ни донесе променет интерфејс.

Accelerating

Април 2014

  • На 8 април замре поддршката на веројатно најпопуларниот и најупотребуван оперативен систем во историјата на IT индустријата – Windows XP. Замирањето на поддршката, покажа колку всушност Windows оперативните системи се подложни на вируси и хакерски напади. Апокалиптични беа прогнозите за судбината на огромен процент банкомати низ светот кои работеа на овој софтвер.

 

Мај 2014

  • Autodesk објави дека планира да издаде open-software платформа за 3Д принтање наречена Spark, но и да произведе сопствен 3Д принтер. На дело, овој уред (наречен Ембер) можеше да се погледне на презентација во рамки на Autodesk University 2014.

 

Јуни 2014

  • GRAPHISOFT го објави ArchiCAD 18 во неговата јубилејна 30-та година. Покрај многуте унапредувања, најважната новина во апликацијата е CineRender енџинот, кој со своите фотореалистични рендер способности претставува вистинско доживување за бенефит на корисниците.

DesktopAllplan30YE_1920x1080_01

Јули 2014

  • Allplan на Nemetschek слави 30 години на сцената. По тој повод, објавен е јубилеен пакет за архитекти и инженери во кој е вклучен Allplan 2015 со специјален додаток на објекти и материјали.
  • Autodesk направи исклучително неочекувана аквизација – го купи проектантското студио The Living со цел тестирање на новите технологии на компанијата во реалниот свет.

panther-center-3

Август 2014

  • Bentley Systems ја купи BLUERIDGE Analytics, компанија позната по мошне иновативната SITEOPS апликација за оптимизација на проектите во однос на локацијата.

 

Септември 2014

  • Trimble ја купи Gehry Technologies, IT компанијата на Френк Гери, која преку своите софтвери и консултантски услуги му помогна на познатиот архитект да ги испроектира своите најзначајни дела.

 

Октомври 2014

  • Nemetschek го купи Bluebeam Software, водечка компанија во САД за дигитална колаборација на проекти позната по ултра популарниот Bluebeam софтвер базиран на pdf-базираниот процес на работа, размена и соработка помеѓу тимовите. Bluebeam има над 650.000 корисници и го користат над 70% од водечките инженерски компании во САД.

fit-width

Ноември 2014

  • Trimble го објави SketchUp 2015, исклучително популарна 3Д апликација која со над 30 милиони уникатни активации минатата година стана најкористена 3Д апликација во светот. Во исто време компанијата го објави и MEP моделерот за апликацијата.

skp-pro-2015

Декември 2014

  • Autodesk воведе бесплатни едукациски лиценци од своите апликации за школите и студентите/учениците низ светот.
  • Во периодот од 2 до 4 декември во Лас Вегас се одржа Autodesk University 2014, конференција на која учествуваа над 25.000 учесници од целиот свет.

 

Годината што следи ќе биде повторно исполнета со значајни ИТ настани. Одличните финансиски резултати, побарувачката, новите технологии и глобалните прилики ќе го овозможат тоа.

Испрати коментар

Scroll To Top