Насловна / Порта3 / Досега во Европа се изградени 150.000 пасивни куќи

Досега во Европа се изградени 150.000 пасивни куќи

im
Пасивниот стандард на изградба на куќи кои се исклучително енергетски ефикасни, и во кои се троши околу 80% помалку енергија за греење отколку во класичните објекти, е веќе широко распростаранет во Европа. Досега се изградени 150.000 пасивни станбени и деловни објекти, болници, градинки, училишта и сл.

Во регионот сè уште зборуваме за пионерски обиди. Единствено во Хрватска има некои посериозни поместувања, но и таму бројката на изградени пасивни објекти е скромна – само 21. По пасивното и нискоенергетско градење во Хрватска предничат Копривница, Задар и Осијек.

На почетокот од ноември на Архитектонскиот факултет во Загреб се одржани „Денови на пасивните куќи“, каде учесниците се едуцирани за предностите на овој вид на изградба и употребата на соодветни материјали. На овој настан присуствувале учесници од Хрватска, Словенија, БиХ, Србија, Грна Гора, Австрија, Германија, Турција и Грција.

Испрати коментар

Scroll To Top