Национално утврдените придонеси претставуваат обврска за земјите потписнички на Парискиот договор за намалувањето на емисиите и прилагодување кон последиците на климатските промени. Тие треба да се обновуваат и дополнуваат на секои 5 години, а токму годинава е петтата годишница. Иако дури 106 земји покажаа добра волја да порботи на своите национални придонеси, засега само 7 тоа и официјално го сториле. Тие земји учествуваат во само 2,8% од светските емисии. Станува збор за: Суринам, Норвешка, Молдавија, Маршалските острови, Јапонија, Сингапур и Чиле.
Според податоците од 2014 година, повеќе од половината од глобалните емисии, или попрецизно 60% доаѓа од само 10 земји. Ниту една од нив не е насписокот на овие седум. Норвешка, како една од најразвиените земји во светот доста вложува во борбата против климатските промени. Нејзините климатски планови се многу амбициозни, па се очекува до 2030 година да ги намалат емисиите за 50 до 55% споредено со нивото во 1990 година. За тоа придонесува и фактот што е светски лидер во продажбата на електрични возила, а интензивно работат и на зајакнување на зелената економија. Јапонија и покрај тоа што е една од најразвиените светски економии, таа е и на листата на петте најголеми емитери на гасови со ефект на стаклена градина. Јапонскиот план не е многу поразличен од оној во 2015 година. Имено, и натаму настојува на намалување на емисиите до 2030 година 26% споредено со нивото во 2013 година. Кога станува збор за земја која им пристап до технологија која има капацитет да ја направи иднината помалку јаглеродно интензивна, се чини дека тоа не е максимумот кој оваа земја може да го понуди. Маршалските острови, спаѓаат во 100-те земји во светот со најниски емисии. Но, за жал, оваа земја е многу погодена од ефектите на глобалното затоплување.
И покрај актуелната криза, сите земји имаат обврска да ги ревидираат своите обврски пред Самитот з аклимата кој ќе се одржи во Глазгов следната година.