Денеска во кругот на касарната „Гоце Делчев“ во населба Аеродром, Дирекцијата за заштита и спасување ќе ги прими донациите од Република Словачка и Република Холандија.
На примопредавањето на донациите ќе присуствуваат претставници од Амбасадите како и претставници од Владата на Република Македонија.
Во Република Македонија преку Механизмот за цивилна заштита пристигнаа донации од Република Грција, Република Австрија, Република Чешка, Република Унгарија и Република Бугарија.